Загина жена откако камион удри во неа, возачот избегал!

По преземени мерки и активности, на 04.12.2024 полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, неготинско.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“,

со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото.

Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна еки од ОВР Неготино.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде