Важна информација за сите кои утрово патуваат: Внимателно, на овие патни правци врне снег

 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Слаб снег провејува на Попова Шапка, како и на планинскиот превој Стража и Маврово.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно преку превојот Стража е укината во 00:40 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила:

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово-Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец село Лисец-Попова Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци).

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде