На 06.12.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Булачани,скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од З.М.(66) од Скопје, и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(30) од с.Црешево,скопско.
Во несреќата возачот З.М. се здобил со тешки телесни повреди,
по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде околу 20.30 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт.