Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера 17.55 часот во СВР Скопје И.И.(32) од с. Арачиново, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар,
додека се движел со патничко возило, бил сопрен од две лица кои се обиделе да го извлечат надвор од возилото и да го нападнат.
„Тогаш пријавителот извадил сигнален пиштол и испукал два пати во воздух, по што лицата го напуштиле местото на настанот.“, се вели во полицискиот билтен.
Нема повредени лица. Известен бил jавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.