Еден од најдобрите и најуспешни фолк-пејачи од помладата генерација е Ѓоко Јовиќ.
По потекло е од Валандово и секогаш со гордост зборува за своето детство и семејство.
Неговиот пат до успехот воопшто не бил лесен и сѐ постигнал со многу труд и работа.
Македонскиот пејач гостуваше во емисијата Жешко столче.
Јовиќ зборуваше за неговата кариера, новите песни, односот со колегите…
Пејачот беше прашан и зошто најчесто настапува надвор од Македонија.
„Ова е тешко да го кажам, но ќе го кажам. Проблемот не е до нас, не е до публиката, туку до сопствениците на локалите.
Никако не им е проблем да дојде некоја помалку позната српска ѕвезда и да ја платат, 5, 10, 15…А ние кога гостуваме во тој клуб, повеќе има луѓе, дупло повеќе прават промет, се прави подобра забава, ама е проблем да ни платат, затоа што сме ние од Македонија…
Тие сакаат да им свириме за 1.500 евра“, вели Јовиќ.
Целото гостување можете да го погледнете во продолжение.