ВОНРЕДНА ВЕСТ На овој патен правец трупа снег, воведена забрана за ТТВ

„На патниот правец Гостивар – Кичево и обратно од 16:25ч. е воведена забрана за тешки товарни возила“, велат од АМСМ.

Врнежите од снег го парализираа одново сообраќајот на овој патен правец, по што тешките возила нема да можат да се движат на превојот Стража.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде