Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на
брегот на северниот дел на Курилските острови, изјави шефот на сеизмолошката станица „Јужен Сахалинск“, Јелена Семјонова.
„Епицентарот беше во Охотско Море, 86 километри северозападно од Курилскиот остров Матуа.
Епицентарот беше на длабочина од 291 километар“, рече Семјонова.
Додаде дека земјотресот е почувствуван во градот Северо-Курилск на островот Парамушир, со интензитет до три степени.