Мештаните се сомневаат дека ова е причината за трагедијата во џамија во Македонија

Вчера, во неготинската полиција било пријавено дека во село Црвени Брегови се пронајдени три починати лица во времен објект, кој служел како џамија. Случајот бил пријавен во 16,35 часот.

„Во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, Неготинско, биле пронајдени три починати лиц, Ј. Ј. (71 година) од Битола, Ф. Е. (66 години) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови“, соопшти СВР Велес.

Мештаните се сомневаат дека лицата спиеле во просторијата во која имало плинско грејно тело.

Бил повикан лекар од Итна медицинска помош Неготино, кој констатирал смрт кај трите лица, сите машки, детето било на возраст од 13-14 години.

Од Основното Јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци соопштија дека заедно со неготинската полиција е извршен увид во просторијата, телата на починатите се дадени на обдукција, која ќе покаже дали починале од задушување, како што сметаат мештаните, или причината е друга.

Црвени Брегови е село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 182 жители, од кои 60 Македонци, 5 Албанци, 9 Турци, 1 Ром, 85 останати и 22 лица без податоци.

Извор: newz24live

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде