Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите
Овен
Неделава е за преглед на вашите цели. Можеби ќе почувствувате желба за промени во деловниот план. Бидете трпеливи и не донесувајте импулсивни одлуки. Љубовните врски можеби бараат дополнително внимание.
Бик
Вашата упорност конечно се исплати на деловен план. Неделава ќе чувствувате задоволство од сработеното. Во љубовта поволен период за искрен разговор. Внимавајте на здравјето, особено на исхраната.
Близнаци
Комуникацијата е клучна оваа недела. Можни се неочекувани вести кои ќе ве мотивираат да ги преиспитате вашите планови. На љубовен план, бидете отворени за компромиси. Можни проблеми со притисокот.
Рак
Неделава е идеална да си посветите време на себе и на вашето семејство. Емоционалните односи се стабилни, но внимавајте да не преземате премногу туѓи проблеми. Внимавајте како разговарате со членовите на семејството бидејќи тие држат многу лутина кон вас.
Лав
Вашата харизма е на врвот! Искористете го за да напредувате на деловниот план. Во љубовта ќе почувствувате страст, но и потреба за поголема слобода. Најдете ја рамнотежата. Обидете се да направите малку повеќе физичка активност за вашето здравје.
Девица
Фокусирајте се на деталите. На работа може да добиете пофалби за вашите напори, но избегнувајте прекумерен перфекционизам. Во љубовта бидете нежни и отворени за потребите на партнерот. Не бидете премногу тврдоглави во односот со партнерот.
Вага
Неделава ќе сте полни со енергија и подготвени за нови познанства. На љубовен план можна е возбуда или средба со некој од минатото. Финансиската состојба се стабилизира. И тоа е поттикнато од вашите деловни активности што ги презедовте пред една недела.
Шкорпија
Вашата интуиција е особено силна деновиве. Користете ја за да донесувате важни одлуки. Љубовните врски можат да бидат интензивни, но и предизвикувачки – бидете искрени со себе и со другите. Ова е особено точно ако имате партнер Бик или Јарец.
Стрелец
Неделава е ваша! Искористете ја својата енергија и оптимизам за да ги реализирате вашите планови. Во љубовта уживате во вниманието на саканата личност. Бидете отворени за нови можности. Што се однесува до работата, добро размислете какви потези треба да преземете до крајот на денот.
Јарец
Практичноста и организацијата ви носат успех. На работа сте особено продуктивни, но не заборавајте да се одморите. Во љубовта разговарајте за заедничките планови за иднината. Грижете се за вашето здравје, особено за квалитетот на вашиот сон.
Водолија
Вашата креативност доаѓа до израз. Користете ја за да решите проблеми или да започнете нов проект. Во љубовта бидете отворени за неочекувани можности. Емотивниот партнер има многу интересни работи да ви каже.
Риби
Фокусирајте се на внатрешниот мир. Медитацијата или времето поминато во природа ќе ви помогнат да се опуштите. Во љубовта бидете трпеливи и посветени на партнерот. Марс предизвикува доволно енергија за вас и вашиот партнер.