ВОНРЕДНО Силен циклон од Атлантикот ќе го погоди и Балканот – еве кога

Силен циклон кој тргна од Атлантскиот Океан предизвика сериозни невремиња во Северозападна и Западна Европа.

Најмалку едно лице загина во Британија, а повеќе од половина милион луѓе останаа без електрична енергија.

Во саботата циклонот донесе оркански ветрови и обилни дождови во Ирска, Шкотска, Англија, Велс, Холандија, Белгија и Франција, со брзини на ветрови кои достигнаа до 120 км/ч.

Циклонот ќе го погоди и Балканот. Во Далмација, Херцеговина и јужниот дел на Црна Гора, се очекуваат врнежи од над 150 литри дожд на квадратен метар, со опасност од поплави.

Обилни снежни врнежи ќе ги зафатат Словенија и Горски Котар, а силни ветрови ќе предизвикаат навеви и снежни наноси.

Во Македонија, особено во западните и југозападните региони, се очекуваат зголемени врнежи и локални грмотевици. Во повисоките места може да се јави снег, додека во ниските ќе доминира дожд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде