11-годишно девојче и 19-годишно момче во неполни 24 часа ги загубија животите во Нови Сад, во слични инциденти, при пад од згради од голема височина, јавуваат локалните медиуми.
Девојчето паднало од тавански прозорец вчеравечер околу 21 часот и загинало на самото место.
Телото го пронашле минувачи, а засега нема никакви информации околу околностите под кои се случила трагедијата.
Како што пренесоа медиумите, околу 17 часот денеска, непознато момче паднало од тераса на зграда, а лекарите кои биле повикани, можеле само да ја констатираат смртта.
Телото е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција и идентификација.
Според информациите кои се објавени, момчето било во станот на неговата девојка, каде што дошло непосредно пред кобниот пад.