Најнова вест: Лидер открива во која земја се наоѓа Ковачевски

Васко Ковачевски и Васко Стефанов не се уапсени во мега акцијата на МВР бидејќи не се во државава.

Според информации кои ги пренесе Радио Лидер, Васко Стефанов се наоѓа во соседна земја,

додека Васко Ковачевски е во Австрија која е земја членка на Европската унија.

– Доколку нашите информации се покажат за вистинити, Васко Ковачевски за брз период би можел да биде екстрадиран назад во Македонија, објави порталот.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на која најави нова странска инвестиција, потврди дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, не е достапен.

Според Мицкоски, единствено Ковачевски е недостапен за органите на прогонот, додека останатите 22 лица осомничени за криминал во врска со работењето на електраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, како што рече, се обезбедени.

– Имаме 23, минус еден можеби е избеган, но очекувам да биде обезбеден пред правдата. Не , не е во државата, но очекувам да го обезбедиме,рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде