Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата е уапсен.
Како што дознава Телма, Стефанов бил надвор од земјата и се вратил откако дознал дека се бара во кривична постапка.
Точниот број на приведени во денешната акција засега останува непознат.
Недостапен за полицијата сѐ уште е и Васко Ковачевски, исто така поранешен директор на ЕСМ.
Покрај Ковачевски и Стефанов, осомничени се и екс директорите на РЕК Битола Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, како и членови на неговото потесно семејство за проневера на 6,5 милиони евра од тендери.