Важна информација за сите кои утрово патуваат: Посебно внимавајте на овој патен правец!

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Се потсетуваат возачите дека од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде