Земјотрес ја стресе Романија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри од Лопатар, на длабочина од 140 километри.

Засега нема информации за материјална штета.

Да потсетиме, земјотрес со иста јачина неодамна ја погоди Словенија.

Земјотресот, кој е регистриран во 3 часот и 37 минути, најмногу бил почувствуван во Горењска,

бидејќи епицентарот на земјотресот бил на околу осум километри југозападно од Шкофја Лока, јавуваат словенечките медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде