Уставниот суд денеска расправа за спорните членови од Законот за употребата на јазиците, во една тензична атмодфера и силно полициско обезбедување.
Законот беше донесен во 2017 година, а на сила стапи две години подоцна.
Поранешниот претседтел Ѓорге Иванов при донесувањето на спорниот закон, одби да го потпише истиот објаснувајќи дека тој е во спротивност со Уставот и ја нарушува унитарноста на Македонија.
Во меѓувреме и поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи го предложи законот пред Венецијанската комисија, а откако оттаму пристигна негативна оценка за неколку клучни члена од законот, тој кажа дека тоа ќе биде хармонизирано во нашето законодавство.
Но, токму сега тој ја преводи т.н. стража пред Уставниот суд, протестирајќи против работата на судиите.