Трагедија ја потресе Струмица – денеска загина работник при уривање на зграда за која немало дозвола да се урива и не било заштитено местото каде што се работело, пренесува Политика.
Како што велат луѓето што биле сведоци на трагедијата починатиот работник со часови бил оставен на местото додека се вршел увид од страна на полициските органи и од градежната инспекција.
На социјалните мрежи се споделува видео со реакција на граѓани од необезбедената зграда неколку дена пред да се случи несреќата и повторно никој не реагирал.
Повеќе детали и официјални информации како дошло до несречата се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Извор: Политика