Силен земјотрес утрово на третиот крак во Грција.
Според информациите на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 09 часот и 34 минути по македонско време (10:34 по грчко време).
Епицентарот бил на третиот крак на познатата област Халкидики, каде што секое лето одморот го поминуваат многу македонски државјани.
Земјотресот бил на длабочина од 12 километри, а бил почувствуван најмногу во Солун, а како и во голем од североисточниот дел на земјата.
Според првичните информации станува збор за силен земјотре со јачина од 4,8 степени по Рихтер.
Во моментов нема информации за настаната штета.