Голема трагедија утрово: Почина млад фудбалер

Вест Хем е во голема жалост, откако 15-годишниот голман Оскар Ферс ја загуби битката со ракот.

Тој се бореше со оваа болест од август 2023 година, откако се пожалил на мигрена и силни главоболки.

Младиот голман бил опериран осум пати откако му била дијагностицирана болеста.

Тимот се огласи по повод оваа трагедија.

„Оскар беше обожаван од сите на Академијата: не само што беше одличен голман, тој беше вистински „чекан“ и фантастичен млад човек, кој длабоко ќе им недостига на сите што имаа задоволство да го запознаат“, рече Марк Нобл, поранешен капитен а сега спортски директор на Вест Хем.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде