Во Секторот за внатрешни работи Велес, вчера утрото во 06:40 часот, било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат 60-годишниот С.С.од Велес.
Како што информира денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.