Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мауле во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 100 километри, објави ЕМСЦ.
Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго.
Националниот систем за спречување и одговор при катастрофи на Чиле соопшти дека нема извештаи за штета или жртви.
Чилеанската океанографска служба соопшти дека земјотресот „не ги исполнува условите неопходни за создавање цунами“.
Чиле се наоѓа во т.н Пацифичкиот огнен прстен, регион познат по некои од најголемите сеизмички и вулкански активности во светот.