Пејач од Македонија направи БУМ во Ѕвездите на Гранд – освои седум гласови

Ова не му беше прв пат

Никола Станишиќ (24) од Скопје сите ги воодушеви со својот генијален настап во „Ѕвездите на Гранд“ за што доби седум гласови.

Но и пејачот беше воодушевен, посебно што за ментор се пријави и најпознатата фолк-пејачка на Балканот, Цеца Ражнатовиќ.

Цеца беше воодушевена од неговиот настап, па веднаш го пофали, а слично реагираа и сите останати членови на жирито.

И бидејќи имаше освоено седум гласови, тој можеше сам да го избере својот ментор, па на крај се одлучи за Цеца.

Потсетуваме, Никола се натпреваруваше и пред пет години во истото шоу, само тогаш беше во тимот на Марија Шерифовиќ.

Тој во еден круг имаше дуел со уште еден Македонец, велешанецот Александар Темелков, кога резултатот беше нерешен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде