Синоќа во Штип се одржа извлекувањето за наградите од Гивавеј проектот кој го организираше Лазаорв и Боки 13.
Беа доделени голем број награди, а главната награда беше автомобил Пежо 208.
Лазаров и Боки 13 одлучија главната награда да ја доделат на лице кое е присутно на настанот, односно кое купило билет.
На крајот, по многу драма, наградата ја доби Сања од Штип.
Инаку, синоќа Радио Лидер објави дека Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) влегле на настанот во локал во Штип организиран од Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Стефан Лазаров поради организирање на наградна игра без дозвола.
Двајцата во неколку наврати за време на настанот од бината соопштија дека не станува збор за наградна игра, но, самото извлекување на добитници на награда и самото тоа што се купуваат билети за настанот, во согласност со законот јасно дефинира дека станува збор за наградна игра, објави Лидер.
Засега нема информација од УЈП или полицијата.