Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава и заминал во Косово.
Тој тоа го сторил со возило со дипломатски таблици, вели Мицкоски.
-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата, додека поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик,
со возило со дипломатски таблици ја напуштил границата на Македонија и заминал во Косово, рече Мицкоски.