Најнова вест: Арачиново под полициска опсада, се проверува секое возило

Специјални полициски единици го проверуваат секое возило кое влегува и излегува од Арачиново, објави Портал Икс.

Како што објави претходно ТВ21 вечерашната акција во Чаир и Арачиново е поврзана со членови поврзани со групите Дуќанџик и Арачиново.

Неофицијално како што дознава ТВ21, членовите на тие групи се фатени со употреба на ПИ мерки (посебни истражни мерки),

а по разговорите со инспекторите од МВР признале дел од убиствата кои се случија во Скопје изминатиов период.

Како што дознава ТВ21, акцијата првично требало да се реализира во вторник, но во последен момент протекле информации од одредени структури во МВР.

Поради ова, надлежните биле принудени веднаш да изработат нова стратегија за брза интервенција, која била спроведена во текот на денешниот ден.

Видеото на Портал икс погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде