Во истрагата за сомнежите за криминалот во Државна Лотарија на Македонија вклучен е и експремиерот Димитар Ковачевски, објави Плусинфо.
Се проверува неговото работење и влијание во случајот.
Како што пишуваше Плусинфо пред повеќе од една година, тајно и на мала врата претходната Влада во јуни 2023 година донела одлука да овозможи почнување постапка за основање
три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, кои ќе бидат под нејзина капа, односно под капата на Државната лотарија на Република Северна Македонија.
Одлуката донесена на 14.6.2023 година е потпишана од првиот заменик на претседателот на Владата на РСМ, Артан Груби.
Оваа Одлука го отвора прашањето како постапката за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа воопшто ќе се спроведува и дали и до кој степен зад неа се кријат лични интереси на владини функционери?
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Плусинфо