Кошаркарската федерација на Македонија објави тажна вест.
Ненадејно почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.
Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.
„Изгубивме скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.
Изразуваме длабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите, нека почива во мир и вечен спомен …“, објавија од судиската комисија на Кошаркарската федерација.