Син на висок функционер на ДУИ ја дојавил акцијата на МВР!?

Македонската полиција уапси околу седум лица во вчерашната акција насочена против членови на мафијашките кланови, пренесува Либертас.

Претреси и апсења имало во Арачиново, Дуќанџик и на други локации низ Скопје.

Неофицијално, според информации на „Нетпрес“, син на висок функционер на ДУИ, од Турција ја дојавил акцијата до криминалните групи кои биле нејзина цел.

Поради тоа, иако била планирана за утре, таа се спровела предвреме, во неделата.

При претресите, пронајдено е оружје и пари во кеш, а се трага и по друго оружје за кое се има индиции дека е сокриено

Дел од уапсените лица признале дека се вмешани во сериозни кривични дела, а се расветлуваат и најмалку четири убиства што се имаат случено меѓу криминалните кланови.

Повеќе детали се најавуваат за во текот на денов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде