Порталот Фактор од свои извори во истрагата дознава дека Артан Груби веќе ангажирал адвокат.
Тоа е Владо Пешликоски, поранешниот адвокат на Драги Рашковски, кој вчера бил во Кривичниот суд да се произнесе за барањето од обвинителството за одредување на мерка притвор, објави Фактор.
Му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е спремен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на патна исправа.
Судијата се уште не се произнел за барањето притвор, одлуката се очекува во текот на денешниов ден.
Извор: ФАКТОР