Како што најавив и претходно, во петок на 20 Декември попладне, преку ноќта кон сабота и во сабота 21 Декември територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран од север, и истиот е поврзан и со циклонска активност со центар над Средоземјето.
Во ваква ситуација ќе има нови пообилни врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места до околу, па и под 1000 метри, а во сабота понекаде и во пониските места, особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег.
На планините ќе дојде до зголемување на постојаната снежна покривка, а снежна покривка ќе се формира и во повисоките места.
Помала снежна покривка можно е во сабота на 21 Декември да се формира и во некои од градовите особено на западот и на северот од Македонија.
Што се однесува до Скопје и околината, исто така тие денови ќе има врнежи од дожд, а особено во сабота поради продор на ладен воздух од север, на околните планини ќе има врнежи од снег, а услови за повремен послаб снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Не се исклучува можноста ретка појава на провејување на снег да се појави и во пониските предели од котлината.
Во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика температурите значително да опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во Скопје до околу 4 степени.
Метео прогноза на Славчо Попоски