Се огласи Лазаров и порача: Неможе нам нико ништа, јачи смо од судбине!

Управата за јавни приходи (УЈП) извршила контрола на забавата во дискотека во Штип, организирана од јутјуберот Стефан Лазаров и осудениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, и утврдила дека тие без дозвола организираат наградна игра.

Контролата на УЈП ја потврди Лазаров, кој кажа дека поради тоа ги откажува наредните планирани настани и наградите ќе ги доделува од неговото студио.

„Поради новонастанатата ситуација вчера и вчерашната контрола од УЈП, во која инспекторите констатираа дека е наградна игра, наредните планирани настани ги откажувам, но ‘giveawayot’ продолжува и извлекувањата ќе се одвиваат од моето студио ‘Лазаров Поткаст’“, објави Лазаров на социјалните мрежи.

Претходно, Боки 13 на социјалните мрежи објави дека поради преживеан стрес се повлекува од, како што вели, неговото јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот проект „Giveaway“, за кој вели дека е во организација на Стефан Лазаров.

Денеска преку Инстаграм стори повторно се огласи Лазаров.

Рече дека се чувствува одлично, дека им се заблагодарува на сите за поддршката и порача „Неможе нам нико ништа, јачи смо од судбине!“

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде