Две сообраќајни незгоди вечерва делумно го затворија за сообраќај делот на автопатот меѓу Миладиновци и Куманово, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Неколку часа сообраќајот за патнички и товарни возила се одвиваше по една колозовна лента.
Од МВР велат дека на иста локација се случиле две сообраќајни незгоди во кои нема повредени. Во едната сообраќајка учествувале три возила, а во втората две.
Првата незгода се случила околу 17 часот кај клучката Дељадровце, меѓу камион „Мерцедес“ со кумановски таблички, автомобил „Фиат“ кој исто така имал кумановска регистрација и автомобил „Мерцедес“ со скопски ознаки.
Еден час подоцна на истото место имало уште една сообраќајна незгода, во која учествувале автомобил „Мерцедес“ со кумановски ознаки и камион со странски таблички.
За време на увидот на двете незгоди, товарните возила се пренасочуваа кон Миладиновци, а автомобилите возеа отежнато, по една сообраќајна лента, објави „360 степени“.