Не стивнуваат реакциите на сметка на Боки 13, кој заедно со Стефан Лазаров го организираше најголемиот giveaway во земјава.
Се огласи адвокатот Јанаки Митровски, кој вели дека тој е „Ноторен преварант, осудуван, со повеќе од деценија блокирана сметка поради правење превари по сопственици на клубови и ред други, организира “giveaway” и нашиов народ лабаво споделува и искрено верува дека ќе добијат стан.
И тоа е се што треба да знаете за државава!, напиша тој на социјалните мрежи.
Се огласи и Умејр Мухамеди, кој вели дека Боки 13 си бега од полицијата.
„Инвалидот од прв степен Боки13 си снима спот, си организира нелегални наградни игри, си бега од полицијата и сето тоа го прави како инвалид, замислете да беше закрепнат што ке правеше…
Очигледно и во институциите кои го бранат работат инвалиди од прв степен.“, напиша тој.