Докторот Ненад Лазаров предупредува дека болни пациенти се мета на агенти кои го убедуваат да одат да се лекуваат во болници во странство.
„Каков грев и најнова фора е,
Агенти наши на странски болници прават групи по социјални мрежи за наводна “поддршка” на болни од карцином, ретки болести, аутизам,
а всушност у позадина ти се неколку болници у странство кои преку свои агенти си правит класична заседа на пациенти во најтешка криза и на тој начин ловат риба во аквариум?
И како ќе се појави нов член со мака, во истата секунда бива нападнат и ставен да го меле машинерија се со цел да биде изнесен и лекуван во странство!
Почитувани пациенти, секој скоро секој кој неповикан ќе ви пристапи во тие групи и ви нуди врска и контакт у тие болници (каде скоро секогаш има лага дека имаат космички успеси како никаде на друго место) не ви е пријател ниту поддршка туку брка дебела провизија што ќе ја добие ако вие како пациент завршите во таа болница!
Апелирам до новинари, истражете го ова што го тврдам!“, вели докторот.