Синоптичарите со најнова прогноза: Ќе наврне многу снег, во некои делови до 1 метар

Метео анализа на Славчо Попоски

Под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран од север, поврзан со циклонската активност која ќе биде со центар над Средоземјето, во петок попладне и навечер најпрвин врнежите ќе бидат од дожд и локално ќе бидат пообилни, особено во сабота.

Како што напоменав, поради продор на ладен воздушен бран од север, во сабота на 21 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец, па така на повисоките места и на планините  ќе има врнежи од снег и големо зголемување на сненжата покривка на планините и на Скијачките центри, на повисоките планини би можело да падне и над 100 сантиметри нов снег, а снежна покривка ќе се формира и на пониските места.

Исто така, во сабота на 21 Декември, поради споменатиот продор на значително поладен воздух од север, повремени врнежи од снег ќе има  и во повеќе пониски места (градови), особено во северните  и во западните предели, па токму во споменатите места можно е формирање на помала снежна покривка.

Во Скопје и околината за време на овој ладен и влажен бран од север, ќе има врнежи од дожд, а во сабота на 21 Декември на околните планини ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка.

Услови за послаби врнежи од снег ќе има  и во повисоките предели од котлината, а не се исклучува можноста по некоја снегулка да се појави и во делови од пониските предели од котлината. Сето ова исто така  и во Скопскиот регион ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.

Температурите во сабота значително ќе опаднат и преку денот ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 4 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде