Утрово уште една тешка сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово кај с. Дељадровци се одвива по една коловозна лента, инфoрмира АМСМ.
Нема повеќе информации за несреќата.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.