Денеска е Св. Никола и се очекува засилена полициска контрола: Eве какви казни ги очекуваат возачите под дејство на алкохол

Возачот не смее да управува возило, ниту да започне да управува возило во сообраќајот ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол се смета дека е возачот доколку при анализа на крвта или преку апарат за мерење на алкохол во организмот му се утврди дека има количество од 0,50г алкохол.

Под дејство на алкохол како и со 0,09г алкохол во организмот, возачот не смее да го управува возило доколку е:

  • возач-почетник;
  • возач на моторно возило од категориите: „БЕ“, „Ц1“, „Ц1Е“, „Ц“, „ЦЕ“, „Д1“, „Д1Е“, „Д“ и „ДЕ“;
  • возач на возило со кое се врши јавен превоз;
  • возач на возило на кого управувањето со возило му е основно занимање;
  • возач инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување во практичното управување со возило и претседателот и членовите на испитната комисија;
  • возач кој не поседува возачка дозвола.

Глоба од 225 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 0,51г до 1,00г, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три (3) до шест (6) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

Глоба од 275 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 1,01г до 1,50г, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест (6) до девет (9) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

Глоба од 325 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 1,51г до 2,00г, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет (9) до дванаесет (12) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

Глоба од 375 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој има алкохол во крвта од 2,01г и повеќе, како и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од дванаесет (12) месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде