Тажна вест: Почина легендарниот спортист, еден од најдобрите во историјата

Поранешниот велосипедист Рик Ван Лој кој се смета за еден од најдобрите во овој спорт почина на два дена пред својот 91. роденден, објавија медиумите во оваа земја.

Ван Лој активен на велосипедските патеки беше помеѓу 50-тите и 60-тите години на минатиот век, а во историјата влезе како првиот кој победил на сите пет еднодневни калсици (Милано-Сан Ремо, Трр Фландрија, Париз Рубер, Лијеж-Бастоњ-Лијеж и Џиро Д’Ломбардија).

Со тој успех може да се пофалат само уште неговите сонародници Еди Меркс и Роже Де Вламинк.

Низ кариерата Ван Лој славеше на 37 етапи на најголемите натпреварувања (Тур де Франс, Џиро Д’Италија, Вуелта), а свои златни медали на Олимписките игри в о 1952 година во Хелсинки и светските првенства во 1960 и 1961 година.

Вкупно во професионалната кариера успеа да дојде до 371. победа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде