Македонија згрозена: Вања клечела на колена кога и било пукано во глава одзади

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството.

Обвинителката Жаклина Трајковска предочи дека Панче Жежовски бил пронајден во дупка длабока три метри со дијаметар од 1,67 метри. Во близина на дупката обвиткана со земја и трња бил пронајден мобилниот телефон на Жежовски, како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм.

Неговото возило кога било пронајдено било целосно опожарено, но се забележувале регистарските ознаки.

Обдукцијата покажала дека двете жртви, и Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени, според материјалните докази кои Обвинителството на денешното продолжение на судски процес ги презентира пред судот и јавноста.

На, ова се надоврза бранителот на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, Јовица Страшевски кој бараше доказите да се изведуваат, а не само да се читаат.

Вања, пак, имала дупка во главата од проектил од боева мунција. Обвинителството ова го доставило како доказ до судот.

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска била жива кога било пукано во неа, кажа Обвинителството на денешното судско рочиште за убиството. Обдукциониот наод не покажал дека претходно била угушена. Пукано е од пола метар, одзади, понадесно. Таа се движела по кал пред да биде ликвидирана. Убиена е клечејќи. Имала кал под ноктите и стисок со врвот на патиките во истaта кал од под ноктите,

-Пронајдена е и сива самолеплива лента на главата од девојчето и ова е дел од доказите, се надоврза судијата Ивица Стефановски.

Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, обвинети за грабнување и убиство на свиреп начин на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, воопшто не поднеле докази за нивна одбрана.

Првообвинетиот Љупчо Палевски реагираше дека обвинителката треба да каже и за вештачената церада во која бил завиткан Панче, т. е. дека отисоци и траги од него немало ни тука.

Обвинителките кажаа дека само изведуваат докази, а потоа ќе ги поврзат јасно и гласно на овој судски процес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде