Македонската амбасада во Киев погодена од руски ракетен напад – МНР со протестна нота

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин попладнево беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) каде му беше врачена протестна нота.

-На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија, информираат од МНР.

Претходно, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека при нападот нема повредени меѓу нашиот дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.  

– Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, соопшти Министерството.

Рускиот ракетен напад врз зграда во Киев, во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и Македонската амбасада во Украина,  го осуди и Европската комисија. 

– Овој напад уште еднаш покажува дека криминалната природа на (рускиот претседател Владимир) Путин претставува опасност за Украина, за ЕУ и за нашата севкупна безбедност, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, запрашана дали ЕК има намера да вложи дипломатски протест до Русија, имајќи предвид дека меѓу дипломатските претставништва во ракетираната зграда има и амбасади на земји членки на ЕУ, Хипер само кусо одговори дека Комисијата „ќе ја процени ситуацијата и ќе реагира“. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде