Магливо утро, попладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на повиските места и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Минималната температура ќе се движи од – 3 до 3 степени, а максималната од 5 до 14 степени“,велат синоптичарите.
На некои места врнежитее ќе бидат пообилни, а ќе дува умерен ветер.
Во Скопје претпладне ќе има магла, а попладне ќе врне дожд, како и во текот на ноќта.
Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми.
Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.