ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА – полицијата го истражува случајот

Полицијата ја истражува смртта откако битката со зависност од кокаин ја доведе да живее изолирано во запуштен стан

Венди Ен Пејџ, британската секс гуру и актерка беше пронајдена мртва на 61-годишна возраст на нејзиниот имот во Саутенд, Англија.

Полицијата ја истражува смртта откако битката со зависноста од кокаин ја доведе да живее повлечено во запуштен стан, пренесува The Sun.

“Се разбудив и таа беше мртва. Не мрдаше. Веднаш повикав полиција”, рекол партнерот на Венди Ен, Кристијан Бинс (50). Тој додаде дека се претпоставува дека Венди можеби претерала со апчиња во текот на ноќта, со оглед на тоа што ден претходно изјавила дека повеќе не чувствува болка.

Кристијан објасни како неговата сопруга имала силни болки од минатата есен, кога паднала на скалите додека одела во кино. Несреќата резултирала со поместен диск, скршена клучна коска и скршени раце, од кои таа никогаш не закрепнала целосно. Според неговите зборови, таа цело време лежела во кревет, а се борела и со депресија.

Да потсетиме дека Венди Ен Пејџ се прослави во 1991 година, како актерка во филмот „The Lovers’ Guide“, кој се продаде во 1,3 милиони примероци во Велика Британија. Филмот им помогна на многу парови во нивниот сексуален живот.

Венди Ен станала зависна од кокаин, а подоцна се борела со посттрауматско стресно растројство и депресија.

„Бевме повикани од колегите од службата за итна помош околу пладне во петокот на 13 декември, откако бевме информирани дека жена на возраст од шеесет години била пронајдена мртва во Саутенд.

Смртта на жената се третира како неочекувана и необјаснета и ќе биде извршена обдукција да се утврди причината за нејзината смрт“, соопшти полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде