На 78-годишна возраст почина легендата на гевгелискиот фудбал Петко Петков (Ташев) – Шеки.
Петко Петков (Ташев), легендата на гевгелискиот и воедно македонскиот фудбал, роден е во Гевгелија, во 1946 година а своите први фудбалски чекори ги започнал на 16 години во ФК „Кожуф“.
Во својата 17 годишна кариера освен за својот „Кожуф“, настапувал и за „Победа“ од Прилеп, како и за „Борец“ од Велес.
Во неговата кариера, се му е подредено на бројот 500, има постигнато над 500 голови, има над 500 асистенции и одиграл над 500 званични фудбалски натпревари.
Петков, фудбалската кариера ја заврши во 1979 година.