-На 18.12.2024 во 11.07 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул.,,Македонска фаланга“ во Битола,
патничко возило „застава 101“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(67) од Битола, удрило во Д.М.(68) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.