Важна информација за сите кои утрово патуваат!

Важна информација за сите кои утрово патуваат!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Демир Капија-Неготино, Катланово-Скопје, Скопје-Катланово, Скопје-Куманово, Куманово-Скопје и Струга-Охрид,

од 30 до 50 метри на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром-Сарај), од 100 до 150 метри на патниот правец Македонски Брод-Кичево и до 50 метри на планинскиот превој „Буково“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде