Тажна вест утрово: Македонија загуби многу, почина почитуваниот професор, еден од најдобрите во својаа област

Во 99 година од својот живот почина редовниот професор во пензија на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За проф. д-р Тодор Јакимов најкусо со една реченица може да се каже – Тој е еден од пионерите и долгогодишен носител на развојот на индустријата електро-енергетиката, а посебно на проблематиката на електромоторните погони и нивна автоматизација во Македонија, низ 60 години долгиот работен век.

Роден е во 1926 година во Велес, а високото образование го оформил на Техничкиот факултет во Загреб, каде и докторирал во 1981 година.

Еден е од неколкумината основоположници на Електротехничкиот оддел на Електормашинскиот отсек при Техничкиот Факултет во Скопје во 1959 година. Неговата животна мисија беше да ја развие Македонија од интелектуален, технички и стопански аспект.

Тој е пример за професор кој науката и практиката ги сметаше за неразделни. Ги насочуваше студентите во суштината на теоретското запознавање со пробелматиката, а во стопанството со практичната примена со тоа што го научиле. Знаеше да ги научи како да ја сакаат струката и земјата.

За него најмногу зборуваат многубројните научно-истражувачки и стручно апликативни трудови, учебници, учебни помагала, лаборатории, но и бескрајниот придонес и постигнатите стручни резултати во стопанскиот домен.

Учествува во решенијата, проектирањето и реализацијата на скоро сите од оваа област позначајни индустриски објекти кај нас, а и пошироко.Добитник е на многи признанија и награди, а една од нив е и 11 Октомвриската награда за животно дело.

Посмртните останки ќе бидат изложени денеска, ден сабота 21.12.2024г. во 12 часот,  во Капелата на градските Гробишта во Бутел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде