Товарно возило излета од патот, две лица итно пренесени во болница
Двајца повредени е билансот на вчерашната сообраќајна несреќа која се случила на патот Градско-Прилеп.
Несреќата се случила во 15:50 часот.
„Товарно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(39) од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(30) од Битола,
додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп“, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.