ВОНРЕДНА ВЕСТ: Артан Груби повеќе не е на Косово, тврди вицепремиерот

Артан Груби повеќе не е на Косово, туку е во Албанија, тврди вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

Владиниот функционер дал ваква изјава на гостување на албанската телевизија „Ора њуз“, пренесе МИА.

Меџити, кој како припадник на коалицијата „Вреди“ е политички ривал на коалицијата „Европски фронт“ на која припаѓаше Артан Груби, на настапот кажал и дека неговите опонентни ја пополнуваат американската „црна листа“.

„Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата“,кажал Меџити.

Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, се осомничени дека како соизвршители и одговорни лица во АД „Државна лотарија“, вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над 8 милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.

Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор, кој ќе почне да се спроведува по нивното обезбедување во земјата бидејќи во моментов не се достапни за органите на прогонот.

За Груби и Бајрами се објавени меѓународни потерници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде