Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне.
Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Во Скопје претежно облачно. Во утринските и претпладневните часови со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег со слаб интензитет.
Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
УХМР ВЧЕРА ИЗДАДЕ МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во текот на ноќта и утре претпладне врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север се очекуваат нови врнежи претежно од снег и ќе се формира снежна покривка и во пониските места.