Познатиот метереолог Славчо Попоски утрово ја објави најновата метео анализа:
Многу длабок циклонски систем кој ќе биде со центар над Средоземјето, и во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе изнесува 989 хехтопаскали.
Овој многу длабок циклонски систем ќе биде придружен со многу ладен воздух од север.
Во ваква ситуација во најголем дел од Балканот од вечерва па натаму во следните неколку денови ќе има многу обилни снежни врнежи, па така на многу места ширум државите од регионот ќе наврне големо количество на снег.
Речиси сите држави од регионот ќе бидат зафатени од овој силен снежен бран. На многу места се очекува снежна покривка близу, па и над половина метар. На планините таа ќе достигнува дури и над еден метар.
Сето ова ќе биде проследено и со многу ладен ветер од северен и од североисточен правец кој понекаде ќе достигнува брзина и до околу, па и над 100 км/час. Токму поради ова ќе има појава и на снежни наноси.
На метеорлошката карта можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во државите од регионот до 25 Декември, на Католички Божик.
Со ова може слободно да кажеме дека овој циклон ќе биде сличен на оној циклон Габор од 2012 година.